Субвенции за филтри на оџаци најавува Мицкоски, место замена на начинот на греење

Со доаѓањето на грејната сезона се очекува зголемено загадување на воздухот, а за да се намали тоа загадување, премиерот христијан Мицкоски денеска од Штип најави дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се субвенционираат филтри за оџаци.

– За еден месец ќе започне грејната сезона. Денеска имаме седница на влада и сакам да отворам за предлози една многу значајна точка: бидејќи гасификацијата е процес којшто ќе трае подолго, нема да имаме брзи резултати, можеби треба да размислиме по истиот принцип, како што субвенционираме за клима-уреди, за топлински пумпи и ваков тип на субвенционирање сметки за струја за социјално ранливи категории, на отприлика 5-10.000 домаќинства, да им субвенционираме филтри на оџаците на оние домаќинства коишто користат фосилни горива, односно дрва – рече Мицкоски.

Тој рече дека неколку дена лично работел на оваа проблематика и видел дека голем дел од градовите на тој начин го намалиле загадувањето.

– По принципот на прв дојден, прв услужен, би субвенционирале, како влада, таков тип филтри – вели Мицкоски.

Исто така, додаде Мицкоски мапирале околу 500 државни објекти, којшто исто така користат фиосилни горива и дрва, „па да бидеме и таму ние како влада проактивни, да инсталираме филтри, со што би го намалиле загадувањето“.

Back to top button
Close