Судар на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Грчки и турски воен брод се судрија во источниот Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана, опишувајќи го настанот како „несреќен случај“.

Турскиот истражувачки брод се движел во водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а бил набудуван од грчките воени бродови.

Во еден момент, дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави извор од Грција за Ројтерс.

Турција не го коментираше инцидентот во Медитеранот.

Тензиите помеѓу Атина и Анкара растат откако Турција испрати бродови за мапирање на делот од медитеранското дно, каде се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот, поради што е закажан за денеска состанок на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Back to top button
Close