Судењето на напаѓачот на Пендиков започнува на 28 февруари

Основниот суд во Охрид експресно закажа рочиште кое започнува на 28 февруари за напаѓачот на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по неговото претепување кое предизвика дипломатски тензии помеѓу Бугарија и македонија.

Судија во случајот ќе биде Бојан Мартинсоски, а обвинението е напад од омраза со тешки повреди.

Од претходно се знае дека напаѓачот се бранел со молчење и нема официјална информација дека тој имал бугарско државјанство.

Како доказен материјал ќе се користат надзорни камери и изјави на сведоци.

Back to top button
Close