Судењето за „Титаник 2“, во кое меѓу обвинетите се Мијалков и Тачи, од септември се враќа на почетокот

Седум месеци пред да застари делото за екс директорот на УБК Сашо Мијалков предметот за „Титаник 2“ треба да почне од почеток, пишува ТелмаТелма.

На последното рочиште судијата ги известил присутните дека поротник си дал отказ. Следното рочиште е закажано за крајот на септември а застарувањето е во април 2023.
Мијалков одговара за примање награда за пративзаконито влијание, дело кое застарува 10 години по извршувањето а тоа според обвинението е март и април 2013.

Ако се следи темпото со кое се движи овој предмет, враќањето на почеток и изведувањето на сите докази го одалечува „Титаник 2“ од правосилна пресуда до април 2023.

Од Кривичниот суд велат дека ќе направат напори постапката да заврши во разумен рок.

Обвинението за „Титаник 2“ беше поднесено од СЈО на 30 јуни 2017. Во декември истата година Кривчен го одобри обвинението а судењето почна пролетта следната година. Првостепената пресуда со која Мијалков доби 3 години затвор, беше објавена во март 2019, а на крајот на годината Апелација ја укина пресудата и го врати предметот во Кривичен да се суди повторно. И сега повторно оди судењето на почеток, но поради промена на Судечкиот совет.

Ова не е прв пат поради промена на поротник, судења кои траеле повеќе години да треба да се вратат на почеток. Претходно за апсењето на Љубе Бошкоски, каде исто така меѓу обвинетите беше Мијаков, поротник ненадејно даде отказ. Поради пензионирање на поротник пак судењето за „ТНТ“ исто така се врати на почеток.

Другите обвинети во Титаник 2 одговараат за зл оупотреба на службената положба, дело кое не застарува за 40 години.

Мијалков до сега има само една правосилна пресуда за предметот „Империја“ каде со спогодба доби три години затвор и упатен акт за затворот во Струга, откако сменил адреса на живеење во Охрид. Другите три предмети сѐ уште не се правосилни. Во „Таргет – Трдина“ за преслушувањето Мијалков доби 12 години затвор, во „Трезор“ за набавката на британска опрема за следење доби 8 години затвор.

Back to top button
Close