Судијата Енвер Беџети кој е на американската црна листа, сѐ уште суди

Апелациониот судија Енвер Беџети кој пред повеќе од еден месец се најде на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна корупција,откако ги искористи деновите од годишниот одмор си се вратил на редовните работните обврски

Апелациониот судија Енвер Беџети кој пред повеќе од еден месец се најде на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна корупција,откако ги искористи деновите од годишниот одмор си се вратил на редовните работни обврски и продолжува да дели правда во Македонија. Од скопска Апелација велат неговиот статус е непроменет и дека тој суди прекрошочни предмети согласно годишниот план за 2025 година.

Според информации кои ги пренесе Канал 5 за него во Судскиот совет се водат неколку постапки, но за ова нема ниту официјална потврда, ниту се знае за што се однесуваат.

Повеќе

Back to top button
Close