Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го коментираше судскиот спор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и пратеничката Славјанка Петровска. Апасиев сподели со јавноста информации за судијата кој го водел предметот меѓу Мицкоски и Петровска.

„Премиерот Мицика тужел опозициски пратеник за клевета и го добил на суд (кај истиот судија-аналфабет Слобода Хаџи Христовски кој лично го пријавив у РСС поради тоа што кутриот не знае да чита пресуди од Стразбур и да примени јудикатура на ЕСЧП)!? Дај бе преместете го метузалемов у друг оддел, да не ја брука државава пред Совет на Европа. Зборувајте ни за реформи у суСвото, тивко полека“, објави Апасиев на социјалните мрежи.

Мицкоски вчера соопшти дека Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка јавно ширела лаги и клевети против него. Мицкоски ја тужеше пратеничката Петровска откако таа минатата година на социјалната мрежа Фејсбук го обвини дека додека се фотографира и смешка со познат лик од скопското подземје, мафијашки престрелки се случуваат на секој чекор во главниот град.

Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште.

„Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година – напиша Петровска на Фејсбук

Back to top button
Close