Судијата од случајот „Организатори на 27-ми април“ е избран за новиот процес за Мијалков и „Тврдина таргет“

Од кривичниот суд потврдија дека до нив е пристигната одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот „Тврдина Таргет“ во која за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права се обвинети екс директорот Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкуловска, како и поранешни вработени во УБК и МВР.

Предметот е распределен на судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков затоа што претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал (водечката судија е во друг оддел, а вториот судија е адвокат).

Трпков е судија кој ги водеше предметите „Организатори на 27-ми април“ во која беше обвинет и Трајко Вељановски како собраниски претседател, „Плацеви на Водно“ (обвинети Орце Камчев и Сашо Мијалков) и предметот за убиството на Тушевски во 2001-ва, „Ровер“ за што беше обвинет некогашниот министер Љубе Бошкоски.

Апелациониот суд најави дека анонимизираната одлука, решение за поништување на пресудата ќе биде објавено на веб страната на судот, но засега веб сајтот sud.mk не ја покажува поради определени технички проблеми на информатичкиот систем кои се надминуваат од службите во Врховниот и Апелациониот суд.

За конкретната одлука за „Тврдина таргет“, државниот Судски совет утврди дека судијата-известител ги пречекорил сите временски рокови за одлучување со што целиот предмет е во опасност да застари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close