Судијката Даниела Димовска е сестра на еден од обвинетите за случајот со „Пулс“ – Форумот за разумни политики бара нејзино повлекување
Форумот за разумни политики ја објави првата анализа во рамки на „Индексот за политички интегритет“, која директно ја адресира одговорноста на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска. Анализата доделува негативна вредност во категоријата етичка култура поради поврзаноста на Димовска со случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Имено, Димовска е сестра на Драган Паунов, инспектор во УЈП и еден од обвинетите во овој случај. Според Форумот, нејзиното останување на челната функција во најголемиот кривичен суд во државата директно го загрозува интегритетот на судството. Постојат сериозни индиции за конфликт на интереси, бидејќи како претпоставена на судиите што треба да го судат случајот, таа има потенцијална моќ да влијае врз исходот.
Форумот за разумни политики бара повлекување на в.д. претседателката на Кривичниот суд Скопје.
Исто така Форумот упати јавна препорака до Судскиот совет итно да отвори предмет за заштита на довербата на граѓаните во правдата






