Судијката Диана Груевска- Илиевска ќе го суди случајот ,,Пулс”

Од Кривичниот суд, иако најавија за следната недела, сепак денеска објавија дека случајот со пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс” ќе го суди судијката Диана Груевска- Илиевска.
-Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска- Илиевска од одделот Кривично полнолетни.
Станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, како што посочивме јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, информираа од Кривичниот суд.