Судијката Соња Кочовска им забрани на мајката Невена Спасеска, семејството и адвокатите да говорат во јавност

Судијката Соња Кочовска на мајката Невена Спасеска, целата фамилија и адвокатите им забрани да даваат било какви изјави во јавноста или да пишуваат на социјалните мрежи за судскиот случај со старателството над сега петгодишното дете информира а1он.мк.

-Истата судијка, ја прогласи мајката за вршител на психичко насилство врз малолетното дете зашто не го давала на таткото неколку месеци. Оваа спорна одлука е донесена по барање на тогашниот социјален работник Гоце Прцулоски кој беше разрешен од случајот и не работи во Центарот за социјална работа поради низа сомнителни и блиски координарани активности со таткото на детето – пишува порталот.

Back to top button
Close