Судиите-поротници во Кривичниот суд започнуваат протест: Одложени дел од судењата во Скопје


Судиите-поротници при Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 7 јули 2026 година, ќе започнат мирен протест и нема да учествуаат на дел од судските расправи, заради долгогодишнот проблем со дневниот надомест и нерешените барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет, а за што во текот на вчерашниот ден го известија и Кривичниот суд.

Во известувањето, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман, об
Според нив, ваквиот надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во Судот.

Тие посочуваат дека во изминатите две години во повеќе наврати се обратиле до Министерството за правда и Судскиот совет со барања за решавање на ова прашање, но дека до денес не се преземени конкретни мерки, поради што се одлучиле на мирен протест.

Заради тоа, Кривичниот суд ја известува јавноста дека сите расправи кои во текот на денешниот ден ќе бидат одложени заради отсуство на судиите – поротници ќе бидат презакажани за следниот најскор термин, за што странките ќе бидат известени, а се со цел да не се предизвика непотребно одолговлекување на постапките.

Во однос на барањата на судиите – поротници, како суд сметаме дека:  Улогата на судијата – поротник е исклучително значајна и дека нивната посветеност, одговорност и придонес се неопходни за правилно и законито спроведување на голем број судски постапки. Без нивното учество, значителен број судења не можат непречено да се одвиваат.

Судот изразува разбирање за нивното незадоволство, оценувајќи дека судиите-поротници заслужуваат достоинствен и соодветен надоместок кој ќе ја одразува важноста на функцијата што ја извршуваат.

Воедно, Судот очекува Министерството за правда во најкус можен рок да пристапи кон измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници, со цел да се создадат услови за надминување на настанатата состојба.

Основниот кривичен суд Скопје смета дека ова прашање треба да се реши преку институционален дијалог и взаемно разбирање, бидејќи неговото навремено разрешување е во интерес на судиите-поротници, судовите и, пред сè, на граѓаните кои очекуваат ефикасно, континуирано и непречено функционирање на правосудниот систем.

Back to top button
Close