Судир меѓу автомобил и камион, двајца со тешки повреди: несреќа на патот Градско-Прилеп
На патот Градско–Прилеп вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица, од кои две со тешки телесни повреди.

Според информациите од СВР Битола, несреќата била пријавена на 01.04.2026 во 18:30 часот во ОВР Прилеп, а во неа учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53-годишник од Битола и товарно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 61-годишник од село Горно Оризари.
Во судирот, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило и неговиот 75-годишен сопатник, додека сопатничка од истото возило се здобила со телесни повреди.
Повредените биле пренесени во Итната медицинска помош во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






