Судир на булевар Александар Македонски – моторџија од Скопје тешко повреден
Моторџија од Скопје (32) се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булевар Александар Македонски, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила при судир меѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од повредениот М.Ј.(32), и патничко возило марка „шкода јети“, исто така со скопски таблички.
Двајцата возачи на самото место се договориле и си заминале, но подоцна мотоциклистот почувствувал сериозни здравствени проблеми и побарал медицинска помош. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од МВР соопштуваат дека е извршен увид и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.