Судири и насилство во мексички туристички центар по ликвидацијата на најбараниот нарко-бос во Мексико

Насилни сцени се регистрирани во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во сојузната држава Халиско, по информациите за ликвидацијата на Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, водач на наркокартелот Картел Халиско.

Според локални извори и објави на социјалните мрежи, по смртта на „Ел Менчо“ избувнале одмазднички напади, при што биле запалени возила и забележано присуство на вооружени лица на улиците. Дел од медиумите ја опишуваат состојбата како сериозна безбедносна криза, со сцени што наликуваат на вооружен конфликт.
Засега нема официјални податоци за бројот на жртви или повредени лица, а мексиканските власти не објавија детални информации за размерите на немирите. Безбедносните сили се распоредени во повеќе делови од регионот, додека граѓаните се повикуваат да останат во своите домови.

Халиско со години важи за упориште на ЦЈНГ, една од најмоќните криминални организации во Мексико, па аналитичарите предупредуваат дека евентуалната елиминација на нејзиниот лидер може да предизвика нов бран насилство и борба за контрола врз територијата.

Извор: skopje1.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close