Судири на Плоштадот Бастилја во Париз

Маршот организиран на повик на здравствените синдикати, поддржан од жолти елеци, доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави дописникот на МИА.

Неколку илјади луѓе демонстрираа на денот на националниот празник на Франција – 14 Јули во Париз, на повик на неколку синдикални организации, вклучувајќи ги ЦЖТ и Солидер, како и меѓу болничкиот колектив, кои бараат  повеќе ресурси за болниците.

Кога демонстрантите се движеа кон познатиот плоштад, избувнаа првите тензии.

Меѓу демонстрантите, некои дојдоа од собирот организиран од „жолтите елеци“ пред Генералниот полициски инспекторат (ИГПН – полиција на полицијата) за да го осудат полициското насилство, во присуство на некои од личностите на движењето повредени за време на демонстрациите. На демонстрациите беа присутни генералниот секретар на ЦЖТ, Филип Мартинез, пејачот Франсис Лалан и пратеникот на Непокорна Франција Ерик Кокерел.

Back to top button
Close