Судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужен Либан

Либанската Национална новинска агенција (ННА) денеска јави за судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужниот дел на Либан.
Судирите се случуваат во оската Одаисе – Тејбе, како и во погранични градови Јарун и Марун ал Рас.
„Непријателот се обидува да навлезе на либанска територија под баражен оган и пукање“, објави ННА.
Претходно, Израел соопшти дека продолжува со нападите врз Либан, но оти е отворен и за евентуални преговори со либанската влада. Амбасадорот на Израел во Обединети нации, Дени Данон истакна дека преговорите се ефикасни „само кога ќе ги ослабите можностите на вашиот непријател“.






