Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари


Геополитичките тензии го достигнуваат пикот. Паралелно со војната меѓу Украина и Русија, светот е сериозно потресен од меѓусебните ракетни напади на Израел и Иран. Последиците од тоа би можеле да бидат долгорочни. Од конфликтот, кој освен политички реперкусии и човечки животи што веќе ги зема, нема да бидат занемарени ниту економските.

Конфликтот меѓу Израел и Иран би можел да доведе до голем енергетски хаос, бидејчи во досегашните напади се погодени важни енергетски објекти во Иран. Тоа ќе остави длабоки последици врз цената на нафтата, што со особено внимание се следи од инвестоторите за влечење на вистински потези на пазарот на акции.

Израел во саботата погоди иранска натфена и гасна станица која е најголема во светот, како и друга клучна иранска енергетска инфраструктура. Голем бројна аналитичари сметаат дека тоа ќе доведе до големи промени на пазарот и оти цената на нафтата ќе има големи осцилации во наредниот период. Ескалацијата на судирот би можела да доведе до затворање на поморскиот пат низ Хормошкиот теснец кој е под контрола на Техеран и кој е клучна поморска и танкерска рута за превоз на нафта и останати енергенси. Во тој случај би бил предизвикан глобален проблем во снабдувањето со нафта, како и голем скок на цената на нафтата.

Цената на нафтата само во петокот порасна за 8 отсто и достигна цена од речиси 75 долари. Таков и сличен раст се очекува и во иднина, иако дел од светските невладини организации истакнуваат оти и натаму нема поголеми проблеми со нафтените резерви. Во наредниот период се очекуваат големи пресврти и на политички и на економски план.

Back to top button
Close