Судот ги замрзна трите стана во „Панорама“ кои се чувале за Груевски

Од денеска се замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“, на Водно, кои наводно се чувале за екс премиерот Никола Груевски. Оваа одлука ја донесе Кривичниот суд по барање на обвинителката Лиле Стефанова, која е застапник на обвинението во случајот „Плацевите на Водно“.

Становите на хартија се на фирмата „ССИ Инвестмент“, но според Орце Камчев и неговиот зет Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацевите на Водно.

Овие плацеви пак се на име на сопругата на бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој сега бара нивно одмрзнување.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close