Судот одби да го врати рашковски во шутка, откако обвинителството одненадеж пак побара притвор
Тројца судии чии имиња не ги открива Основниот кривичен суд Скопје, вчера одбиле да го вратат во притвор Шутка поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски.
САКАМДАКАЖАМ.МК од судот доби само потврда дека кривичен совет од тројца судии ја одбил жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое одненадеж побарало од куќен притвор, Рашковски да се врати во притвор.
Судот не го дава решението за да се види која од мерките за претпазливост ја прекршил осомничениот, со што заслужил обвинителството да бара да се врати повторно во ефективен притвор.
Целиот текст на СДК.мк