Судот одби привремено да ги ослободи Тачи, Селими, Весели и Красничи

– Судијата на претходна постапка на Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг го одби барањето на адвокатите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи за привремено пуштање на слобода.

Истата одлука е донесена и по повод барањата на адвокатите на Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красничи, кои заедно со Тачи се обвинети за низа воени злосторства и злосторства против човештвото.

Нивните барања се одбиени со образложение дека постои опасност за нивно бегство, опструкција на постапката, влијание врз сведоци и изврршување на понатамошни кривични дела.

Адвокатите понудија гаранции дека обвинетите нема да побегнат и бараа замена на притворот со куќен притвор и други мерки.

Тачи, Селими, Весели и Красничи се упасени на почетокот на ноември минатата година.

Back to top button
Close