Судот одлучи: Села е претседател на Алијанса за Албанците. Tаравари има право да се жали
Основниот суд во Тетово одлучи дека претседател на Алијансата за Албанците е Зијадин Села.
– „Во судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче Јованоски бр. 66“, се вели во одлуката.
Прифатена е о одлуката за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар кој има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд во рок од 15 дена.