Судска пресуда: Слаѓана Тасева одговорна за клевета направена кон ГСОЛ и Еуроникел Индустри

Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која Слаѓана Тасева, Претседателката на Здружението Транспаренси интернешнал Македонија е одговорна за клевета направена кон ГСОЛ и Еуроникел Индустри. Според пресудата, Тасева на прес конференција одржана на 25.04.2018 година изнела невистини искази во однос на стечајната постапка на поранешниот комбинат Фени, кои се однесувале на ГСОЛ и Еуроникел Индустри, со намера да наштети на нивната репутација. Согласно судската одлука, направена е штета по угледот на новиот инвеститор, затоа Тасева се задолжува јавно да ја објави споменатата пресуда во некој од дневните печатени изданија, со цел минимизирање на причинетата репутациска штета. Од друга страна, Судот цени дека нема прекршок од страна на организацијата Транспаренси Интернешнал.

По затворањето на стечајната постапка за ФЕНИ, денес фабриката има нови инвеститори и го носи името Еуроникел Индустри. Ова е прв случај на успешна реорганизациска стечајна постапка во земјава којашто доведе до повторно пуштање во работа на производителот на никел. Еуроникел Индустри во моментов работи со полн капацитет и има значаен позитивен учинок врз домашната економија, а преку општествената одговорност е активен поддржувач на локалната заедница. По излегувањето од стечајот реализирани се повеќе инвестиции од страна на ГСОЛ и Еуроникел со вкупна вредност над 120 милиони евра, со што се зголеми производниот обем. Како резултат на зголеменото производство и високиот квалитет, компанијата се етаблира на светските пазари за никел, додека на домашно ниво е четврт најголем извозник, со околу 166 милиони евра извоз во 2019 година. Бројот на вработени достигна до 1000 и важи за еден од најголемите и најпретпочитаните работодавачи во Кавадарци и околината, а истовремено соработува и со 80 транспортни компании од овој регион, како и над 1000 домашни добавувачи.  

Back to top button
Close