Судски ја исклучи јавноста од седницата за одземање на имунитетот на судијата Ристов од апелација
Судскиот совет ја исклучи јавноста од седницата на Судскиот совет за да му го заштитат интегритетот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, осомничен за противправно стекнување и прикривање имот како и перење пари, а откако во домот на неговите родители беа најдени 350.000 евра заѕидани во ѕид. Тие расправаат да оземање на неговиот имунитет како судија и одобрување на куќен притвор.
Десет членови на Советот, гласаа „за“ и тоа Антоанета Димовска, Ивица Николовски, Данка Ристова, Ханиф Зендели, Арлинда Кадри-Шахиновиќ, Сузана Јошевска.
„Констатирам дека со десет гласа ‘за’ е исклучена јавноста“, рече заменик-претседателот Ариф Амала. објави Скопје1.мк






