Судски совет избра: Жената секретар, мажот и ја вози претседателката


Судскиот совет денеска за генерален секретар ја избра Весна Толева, која досега беше в.д. генрален секретар на Советот.

Толева беше избрана со 12 гласа за и еден против. За функцијата имало само двајца кандидати, Толева и државниот секретар Јулијана Георгиевска.
Георгиевска, со шест гласа за и седум против, не го доби потребниот број гласови, додека за изборот на Толева гласаа 12 членови на Судскиот совет и само еден против.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, на почетокот сподели резултати од спроведената внатрешна анкета на вработените, на која Толева добила 11 гласа, а Георгиевска – 14 гласови, но одби да даде свој предлог за да не влијае.

Дел од членовите на Судскиот совет пред гласањето реагираа дека Генералниот секретар би требало да го предложи претседателот, со оглед дека тој најмногу работи со претседателот на Советот, по што Дамева рече дека нејзин предлог е Толева, имајќи во предвид дека е задоволна од нејзината досегашна работа како в.д. Генерален секретар.

Како што јавува СДК.мк сопругот на Толева, Наце Толев е возач на претседателката на Судскиот совет

Back to top button
Close