Судскиот процес за „Транспортер“ траеше пет години, а заврши со голем број условни казни, реагираат од „Сите за правично судење“

Неопходно е да се напомене дека тоа што судскиот процес траеше 5 години, а сепак истиот заврши со голем број на изречени алтернативни мерки, се остава негативен впечаток во јавноста за непотребно долго траење на судските процеси, што неминовно влијае на и онака нискиот процент на доверба на граѓаните во судството, велат од невладината организација специјализирана за следење на судовите и состојбите во правосудството

Оттаму потсетуваат дека во овој случај, согласно соопштението на Апелацискиот суд Скопје, условните осуди се изречени за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за кое е предвидена минимална казна од пет години затвор. Повикувајќи се на членот 41 од Кривичниот законик од Коалицијата „Сите за правично судење“ посочуваат дека минималната казна која може да биде изречена за ова дело е три години затвор, но само во случаи кога постојат особено олеснувачки околности

Невладината Коалиција „Сите за правично судење“ реагира на големиот број алтернативни мерки, односно условни казни што Апелацискиот суд им ги изрече во второстепената пресуда на деветмина обвинети во случајот „Транспортер“, за која судот информираше денеска преку писмено соопштение на својата веб-страница.

Скопска Апелација му ја намали казната на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за предметот „Транспортер“. Тој наместо осум години, како што претходно одлучи Кривичниот суд, сега треба да одлежи седум години затвор. Пресудата е донесена по две години од првостепената пресуда донесена од судијката Добрила Кацарска.

Поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски, исто така доби намалување на казната, од шест години на 5 години и шест месеци затвор. Укината е и ослободителната пресуда за еден од обвинетите.

На деветмина управители на фирми кои со првостепената пресуда добија казни од две до три години затвор, Апелација им изрече условни осуди.

„Неопходно е да се напомене дека тоа што судскиот процес траеше 5 години, а сепак истиот заврши со голем број на изречени алтернативни мерки, се остава негативен впечаток во јавноста за непотребно долго траење на судските процеси, што неминовно влијае на и онака нискиот процент на доверба на граѓаните во судството“,

велат од невладината организација специјализирана за следење на судовите и состојбите во правосудството.

Оттаму потсетуваат дека во овој случај, согласно соопштението на Апелацискиот суд Скопје, условните осуди се изречени за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за кое е предвидена минимална казна од пет години затвор.

Повикувајќи се на членот 41 од Кривичниот законик од Коалицијата „Сите за правично судење“ посочуваат дека минималната казна која може да биде изречена за ова дело е три години затвор, но само во случаи кога постојат особено олеснувачки околности.

„Имајќи го сето ова предвид, останува нејасно како судот и со првостепената, а потоа и со второстепената пресуда во овој предмет, успеал да изрече алтернативна мерка- условна осуда, со оглед на фактот што кривичното дело што им се става на товар на обвинетите е злоупотреба на службената положба и овластување при вршење јавни набавки или на штета на средствата од буџетот на Република Северна Македонија, за кое како што беше напоменато е предвидена казна затвор од најмалку 5 години“,се наведува во реакцијата на Коалиција „Сите за правично судење“.

Воедно, од невладината потенцираат дека иако во соопштението на Апелација е наведено дека второстепената пресуда е јавно објавена и достапна на веб-страницата на судот, сепак истата не е јавно објавена, па така Коалицијата „немаше можност во целост да се запознае со причините за изрекувањето на вака ниски казни“.

Дополнително, она што се надоврзува на практиката на судовите за изрекување на условни осуди и алтернативни мерки за случаите на висока корупција, велат од невладината, е тоа што во новиот предлог Кривичен законик, иако се зголемени казните за речиси сите кривични дела, сепак казните за делата поврзани со злоупотреба на службената положба и останатите видови на корупција не се зголемени.

„Поради ова, Коалицијата ја истакнува својата загриженост за изрекувањето на невообичаено ниски казни во предмети поврзани со висока корупција, со оглед дека се работи пред сѐ за злоупотреба на државни средства, а со тоа и кумулативните проблеми кои се предизвикуваат како резултат на корупцијата. Така, казнената политика во случаите поврзани со корупција, особено кога таа е причинета од високи функционери на државната или локалната власт, освен репресивно треба да делува и на превентивен план во борбата против организираниот криминал и корупцијата, во насока да се остварат целите на казнената политика, во смисла на специјалната и генералната превенција. Судовите мора да имаат предвид дека начинот на кој постапуваат во ваквиот вид на високо-профилирани предмети од областа на организиран криминал и корупција има особено влијание врз перцепцијата на граѓаните за посветеноста и успешноста во сузбивањето на корупцијата“,порачуваат од Колацијата „Сите за правично судење“.

Предметот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола и со првостепената пресуда поранешниот битолски градоначалник доби осум години затвор. Уште десет други лица во овој предмет се осудени со затворски, а десет со условни казни. Првостепената одлука од Основниот кривичен суд во Скопје беше донесена на 31 март 2020 година.

Меѓу десеттемина кои добија затворски казни, исто како и Талески се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, кој доби 6 години и 6 месеци, додека останатите се управители на фирми за превоз. Затворските казни на управителите се движат од 2 години и 2 месеци до 3 години. Еден од управителите е и Џими Мицевски, кој е дел од музичката група „Молика“ – тој доби 2 години и 6 месеци затвор.

Back to top button
Close