Судскиот систем е под влијание на разни моќни структури, последните случувања може да наштетат на скринингот,реагира Советот на амбасадори
„Советот на амбасадори смета дека Судскиот Совет како најповикана судска институција за оценување на работата на судиите темелно ќе ги анализира состојбите во поединачно и групно однесување на судиите по поедини предмети кои јавноста ги перцепира како проблематични и ќе донесе соодветни праведни одлуки. Сметаме дека последните збиднувања во судството и воопшто во работата на правосудниот систем на Северна Македонија можат да му наштетат на успешното реализирање на скринингот и на натамошното водење на преговорите на нашата земја со Европската Унија,“велат од Советот на амбасадори.
Од Советот посочуваат дека крајно време е да се сфати потребата за реформи во судството и нивно доследно применување од сите државни институции, а во прв ред од страна на најповиканите: обвинителите, адвокатите, судиите, парламентарците, министрите, па сѐ до највисоките функционери на државата.