Судскиот совет разреши судија поради нестручно и несовесно вршење на судската функција
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 357-та седница одржана денеска во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука со која е утврдено нестручно несовесно вршење на судската функција, одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена и одлука со које е разрешен судија од вршење судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.
Како што е наведено во известувањето објавено на веб страницата на Судскиот совет формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.
На седницата по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката, донесена е одлука и за престанок на функцијата на судии поротници на Основен суд Прилеп и за избор на судиии поротници на Основен суд Прилеп, а разгледани се и извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот одлучи комисиите да ги доработат извештаите по дадените напатствија.