Судскиот совет веројатно утре ќе дискутира за ослободувањето на Мијалков

Судскиот совет најавува дека најверојатно утре, на седница на работно тело на Советот, ќе дискутира за одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го укине притворот на бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Со оглед дека поголем број членови на Судскиот совет денеска имаа службени обврски особено што претседателката имаше седница на Комисијата за политички систем во Собранието на која се дебатира за годишниот извештај на Судскиот совет за 2020 година, Судскиот совет не беше во можност денеска да дебатира во врска со притворот, но тоа ќе го стори наскоро, најверојатно утре, на седница на работно тело на Советот. Јавноста навремено ќе биде известена кога Судскиот совет ќе има став по ова прашање – изјави портпаролот на Судскиот совет, Љубиша Арсиќ за 360 Степени.

Back to top button
Close