Сугарески: По поразот ги напуштам партиските функции. Останувам социјалдемократ

По поразот на локалните избори за градоначалник на Прилеп, Горан Сугаревски поднесе оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Сугарески својата оставка ја објави на Фејсбук профилот.

Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, пишува Сугарески на својот Фејсбук профил.Тој вели дека извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија.– Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.

Back to top button
Close