СУГС „Владо Тасевски“ контра обвинувањата на СОНК-категорично отфрлаат притисок врз штрајкувачите

Генералниот штрајк во образованието предизвикува и судир помеѓу вработените во училиштата.

Од СОНК вчера реагираа дека се врши сериозен притисок врз дел од наставниот кадар, конкретно во Средното училиште „Владо Тасевски“ од Скопје.

 

По ваквите ставови, со реакција се огласија од Владо Тасевски од каде категорично ги демантираат твдењата на регионалниот претставник на СОНК. Оттаму велат дека се чувствуваат згрозени и злоупотребени затоа што со изјавата јавноста добила погрешна слика за вистинската состојба во нивното училиште. Секој од нас со целосна одговорност тврди дека во ниту еден момент не бил изложен на притисок од Синдикалната организација на Училиштето, а уште помалку од страна на директорот, стои во писмената реакција на СУГС „Владо Тасевски“.

Back to top button
Close