Супер купот на УЕФА за европскиот првак ПСЖ
Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако вечерва во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз.
Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро.
Неизвесност во завршницата донесе Канг Ин Ли со голот во 85.минута, а голот за изедначување (2:2) го постигна Гонзало Рамош во 90+4 минута.