СУПЕРМЕН ПРОТИВ ЊУТН

Истерување ѓаволи како предизвик на даскалот

Слушам како премиерот Мицкоски речиси секојдневно ги навредува обвинителите. Жените дека имале менструален циклус, а мажите дека имале диареја и затоа не ги процесуирале случаите. А тие му молчат. Каде им е Здружението на јавни обвинители? Каде им е Советот на јавни обвинители? Каде се да му спукаат: Кој си ти така да нѐ навредуваш?

Па, обвинител си. Како си дозволуваш така да ти врши притисок? Поднеси му пријава на премиерот. По дефиниција, ти си појак од него. Ти можеш да го гониш. Тој не може.

Ако си корумпиран, молчи си. Ако си станал јавен обвинител оти си бил штиклиран во партиско тефтерче, молчи си. Ама, ако дозволуваш премиер на тебе како јавен обвинител да ти вика дека си неспособен и корумпиран, а ти не си корумпиран, а понизно не му враќаш на навредите – тогаш стварно си неспособен.

Разрешениот врховен судија Стојанче Рибарев стана претседател на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Тоа е истиот Рибарев кој во 2017 година како в. д. претседател на Кривичниот суд му нареди на судија да се врати од пат за да направи гласови 2:1 во Кривичен совет за да се спаси Никола Груевски од притвор. Беше разрешен затоа што со злоупотреба на електронскиот систем за распределба, местел предмети за висока корупција што се водеа против поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

По неговиот избор, СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ скандалозно го приватизира Советот за граѓански надзор и дека повторно ќе го има инструментот за масовно прислушување.

Советот е замислен како граѓанско тело што ја контролира работата на институциите што можат законски да прислушуваат. Тој како институција е формиран уште во 2019 година. Арно ама, досега не профункционира.

Кој му е крив на СДСМ дека пет години не успеа да го заживее овој Совет додека беше на власт? Ѝ остави на ВМРО-ДПМНЕ на места во институции што треба да ловат злоупотреби на прислушување да си постави луѓе што ги спасуваа од затвор баш нивните кои крадеа и прислушуваа? Е толку беа мрзливи во СДСМ. И толку – баш им беше гајле. Мислам дека не ни знаеле дека постои такво тело и дека тие го формирале.

Ама сега веќе за нивн не вреди да си трошиш муабет. Па, од пустата нивна мрзеливост, верувам дека во јавниот сервис, Македонската радио-телевизија (МРТВ), не ни забележаа дека СДСМ некогаш бил на власт.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк

Back to top button
Close