Суспендиран полицаецот кој учествуваше во хулиганската група која бркаше момче во Куманово
Алсат официјално дознава дека полицаецот вклучен во хулиганската група во насилствата во Куманово на 14 ноември, Филип Цветановски е суспендиран од работа.

Во ставот на МВР се наведува: „Врз основа на кривичната пријава, Секторот за внатрешна контрола при МВР го одобри предлогот за потврдување на дисциплинска одговорност со отстранување од работното место до завршување на постапката, односно негово суспендирање“.
Од МВР велат дека вчера во доцните часови до Основното јавно обвинителство биле доставени сите кривични пријави на СПБ Куманово.