Суспендирани вработени од затворот „Идризово“ за ископаниот тунел за бегство

Тој во телефонски разговор за Kанал 5 не кажа колкумина се суспендирани и од кои одделенија на затворот се вработените во интерес на истрагата. Јовановски очекува дека наскоро ќе биде поднесен обвинителне акт за искпаниот тунел и тогаш да се каже кој од вработение им помагал на затворениците.

„Во интерес на истрагата не можам да дадам никакви детали околу вработените кои биле вклучени во копањето на тунелот, ниту како биле поврзани со затворениците. Информации ќе има откако ќе завршат постапките“ вели Јовановски за Канал 5.

Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а од МВР известија дека знаеле за него два месеца претходно. Во копањето учествувале најмалку осуммина затвореници осудени за сериозни кривични дела, со казни од 10 години до доживотен затвор. Долг е 40 метри, осветлен и заштитен од уривање со потпори. Тунелот покрај високата заштитна ограда, а лоциран е веднаш до објект што се користел за складирање јаглен во дворот. Затворските работници, иако имале индиции дека има сомнително движење на осудениците околу помошните простории, тунелот го откриле кога почнале подготовка за уривање на помошните простории, меѓу кои и онаа за складирање јаглен.

Back to top button
Close