СУВЕРЕНИСТИ

м-р. Глигор Стоименов
Почитувани, постои ли дефиниција за ткн, “Суверенисти“, или како би ги опишале “суверенистите“?? Тоа се оние кои ги сакаат парите од ЕУ ама не сакаат да играат по правилатаа на ЕУ, односно да не им кажуваат овие од Брисел како да владеат или како што вели нашиот народ, да владеат и да не е..т жива сила, односно многу љубат да владеат недемократски, авторитарно!! Тие (суверенистите) дури и не разбираат дека суверенитетот ако сакаат да бидат дел од ЕУ мора да го отстапат или делат со заедницата! Сите земји членки отстапуваат дел од својот суверенитет на заедницата, односно на ЕУ!! Овие сакаат и “јаре и паре“. Тоа е некоја општа дефиниција за сите суверенисти кои ги знаеме во Европа, но овде ќе се занимаваме посебно со нашиве “суверенисти во обид“, многу ми се интересни!!
Да бидеме искрени работава е секако сериозна и треба сериозно да се земе во предвид, пред се поради огромната штета која и се нанесува на нашата земја и нејзината иднина.
Но да тргнеме по ред!!!
Кога минатата година половина државен врв, кој со покана кој без покана, отидоа на инаугурација на претседателот Трамп и ги сместија таму на стадион со партиски симпатизери и навивачки групи, веднаш ми беше јасно до каде ќе стигнат, впрочем и пишував за тоа! Но на голем дел од нашиот народ ништо не му беше јасно. Овие “суверенисти“ обзнанија дека сега сме во периметарот на новото нормално, меѓу првите сме таму и да немаме гајле!! “Ние сме со Трамп и тој е со нас“!! Со Брисел продолжија да играат мајтап, само декларативно демек се за ЕУ, ќе спроведувале реформски агенди, (мало сутра), ќе останеле цврсто на патот кон ЕУ, (мало сутра), а на своето членство и поддржувачи им кажуваат дека треба да издржат и ЕУ ќе се распадне, па штом ќе се распадне ЕУ зошто да ги внесеме Бугарите во устав?? Тоа се оние приказни во кои се уште веруваат голем дел од нашите сограѓани и даваат поддршка на оваа пропадната политика која не дава никакви резултати до сега.
Но кога добија таква силна “шамарчина“, од администрацијата на Трамп, како онаа со иселеничките визи за САД со што многу наши граѓани непријатно беа погодени, при што бевме “шутнати“ таму со земјите од третиот свет, кога доживеавме фијаско на економскиот форум во Давос каде што буквално никаде не немаше, по ништо не се истакнавме, со ниту една високо рангирана средба, (освен што се истакнавме по скапи часовници), па дури не бевме ниту поканети да седнеме до Косово на оној собир што го организираше претседателот Доналд Трамп за некаков “Одбор за мир“, абе катастрофа на меѓународен план!! По овие катастрофи доживеавме сега да се радуваме и на тоа што одредени царински стапки ќе ни биле намалени од 30% на 15%. По ваков дебакл на нашата надворешна политика требаше сите таму да си поднесат оставки веднаш!! Народот после ова остана тотално збунет, па почнаа полека да си поставуваат прашање во своите глави и оние што до тогаш не си поставуваа прашања, дали сме или не сме во новото нормално?? Нашиве суверенисти во обид во оваа новонастаната ситуација а при тоа збунети пребегаа на нивниот сигурен терен, на она што најмногу го знаат, во она за што се “махери“, “ПРОПАГАНДА И ДЕФОКУС“. Па веднаш утредента почнаа да го занимаваат народот со Клиниката на Жан Митрев, како некој сакал во 2018 година да му ја земе, бре мајката?? Тоа било најбитно сега!!! Не ова што се случува со нашата земја, овие порази на сите страни, туку она што тие мислат дека треба да се зборува. Сега ја имате истата ситуација со запленетата марихуана во Р.Србија која според информациите од тамошните власти пристигнала од Македонија?? Сите други во овој бизнис се виновни само оние кои се власт, оние кои што требале да ги контролираат овие работи не се виновни?? На крајот клучното прашање што треба да го одговорат доколку дрогата е пристигната од Македонија, кој е тој што е одговорен за ова?? Па оваа влада, овие институции секако, оваа царина, ова МВР, па не е народот толку глуп колку што го мислат суверенистите!! Ама сега било битно што правела Катица Јанева и СЈО пред десет години и се прави обид да се делегитимира борбата против она што се случуваше тогаш!! Абе махери, суверенисти се тоа не е заебанција!! Но имало и добра вест замислете, се укинал постмониторинг процесот за нашата земја од страна на Советот на Европа, тоа било заслуга на суверенистите што значи дека земјата била веќе демократска (тие ја направиле)?? Кога го слушнав ова паднав од столче, замислете ова го “продаваат“ на Македонците како добра вест во мноштво лоши вести нели, знаејќи дека ништо не разбираат околу овој процес па ќе пројде и ова, ха ха, смешки, но за ова ќе пишувам посебно наредниот пат за да знаат луѓето колку време се води овој процес и чија е заслугата.
Како да се води политика наспрам оваа недемократска власт, со овие суверенисти во обид??
Почитувани, политичката борба со секоја недемократска власт која покажува авторитарни тенденции никогаш не е лесна. Тие не играат по правила, го узурпираат сиот државен политички систем за целите кои сакаат да ги постигнат, играат со емоциите на луѓето, користат репресивни мерки во соработка со службите, како она следење и фотографирање на синдикалниот лидер и неговите деца, точно знаат каде се движи лидерот на опозицијата и кога ја напуштил државата, значи злоупотреба на целиот државен апарат. Уште побараа да им се извинел синдикалниот лидер затоа што го следеле?? Како што ја губат поддршката кај народот така и ќе стануваат се повеќе репресивни, тоа е правило.
Токму затоа кога пред неколку години напишав дека кога ќе се споредат двете најголеми македонски политички партии сепак СДСМ е поим за демократска партија во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ова веќе никој не го доведува под знак прашање!! Денес на пример имате медиум со национална фрекфенција кој претставува партиско гласило што порано не било случај!! Имате истурени партиски новинари кои во своето презентирање на централните вести немаат ни срам ни перде, буквално се однесуваат како партиски портпароли. Тоа го немало кога била другата партија на власт. Денес имате осудени престапници, измамници и измамнички кои креираат јавно мислење и се редовни гости на дебатни емисии, па уште некои од тие осудени измамнички ни кажуваат како требало да се уредува правосудството, замислете!! Денес имате “партиски универзитети“ каде што се завршува за година до две, од каде што се регрутираат кадри во владејачката партија и око не им трепнува!! Погледнете им ги само биографиите на повеќето функционери!! Денес исто така имате наплив на “кафе-куварки“ во политиката што никогаш не било случај до сега! Видовте што се случуваше со оној обид да ни подметнат една “кафе-куварка“ во Комисијата за заштита од дискриминација! Тоа не успеа затоа што целата јавност го виде тоа и се крена на нозе, инаку секако ќе успееше? Па знаете ли само колку такви кафе-куварки што не беа на увид на јавноста денес се на многу високи позиции во власта, абе врие од такви, срам ме фаќа, тоа е навреда за институциите, ќе ми простите ама вака не било до сега!! Инаку немам ништо против кафе-куварките како професија, им се извинувам и ги почитувам многу, оваа е за оние другите со големи амбиции во политиката ама опскурни во се друго!! Денес исто така имате партиски гувернер на Народна банка кој им кажува на работниците дека не им треба покачување на минималната плата, ни претстои исто така избор на Уставен судија како партиско решение кој бил советник на премиерот, веројатно и изборот на Државниот обвинител ќе биде партиско решение за што веќе и се зборува насекаде, се знае и кој ќе биде избран?? Епа вака не било претходно, каде и да се свртите се е партиско!! Се носат демек некои закони за администрацијата ама во исто време ја партизираат на “ангро“, па до кога вака?? ВМРО-ДПМНЕ како народна партија денес стои цврсто во заштита на бизнис заедницата а контра работниците!! Политичка партија во која 95% од членовите и симпатизерите припаѓаат на заедницата која живее и опстојува со просечна или подпросечна плата, голем дел се и на минимална плата, замислете се бори за бизнис олигархијата, невидено во светски размери, ама така им кажале во партија!!
Токму затоа почитувани тешка и неправедна е оваа борба, пред се борба за демократија и правда, борба за иднината на Македонската нација на која се уште и го “бранат“ идентитетот. Ова ќе се изучува во историските учебници како една од најголемите манипулации што му се прави на еден народ. На меѓународно призната земја со меѓународно-правен субјективитет, со своја територија, население, јазик, суверена власт, некој сака да и го брани идентитетот, аман доста не браните сработете нешто за иднината на овој народ.
Но добро е што полека народот како да почнува да ја разбира оваа ситуација, тоа се гледа веќе насекаде. За жал постои само една олеснителна околност во сето ова инаку другото е се поклопено!!
Ова сепак е политичка гарнитура со вонредно слаб капацитет и неспособност, па дури и да бидат суверенисти и за тоа не се способни.






