Сузана Турунџиева предупредува: Се злоупотребува името „Медена земја“ и ликот на Атиџе за продавање мед

Сузана Турунџиева на Фејсбук предупредува за злоупотреба на името „Медена земја“ и користење фотографии од Атиџе Муратова без нејзина дозвола.

Таа апелира до јавноста да пријавува вакви случаи и потсетува дека Атиџе не продава мед преку посредници или фирми, туку исклучиво лично.

 

Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира и продава нејзиниот мед преку други, трети лица и фирми. Атиџе нема фирма! Медот на Атиџе е оној кој ќе го купите од нејзе лично!

Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) “МЕДОТ НА АТИЏЕ” повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.

Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има. МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите.

Се друго е само мед со непознат квалитет, пишува Турунџиева.

Back to top button
Close