Сведочење: Манев ни кажа дека Палевски пукал во Панче и ни покажа каде се закопани двете тела
Поранешениот началник на СВР Велес, Ристе Самарџиев, а сега вработен во пилициската станица, денеска сведочеше на рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој одговараше на прашања на Обвинителството првенствено за исчезнувањето на велешанецот Жежовски.
Појасни дека телефонот на Панче веднаш го лоцирале, односно не бил исклучен и зрачел во близина на бензиската пумпа кај Велес.
-Сепак беше пронајден по два -три дена, бидејќи беше непристапен терен. Прво се косеше и се расчистуваше теренот, изјави Самарџиски.
Тој истакна дека деновите се прегледувале многу снимки, од патарини, граници, објекти, а потоа ги побарале и снимките од Сејф сити.
-Кога ги гледав сликите на Сејф сити помисливме дека можеби е жив, зошто поради лошиот квалитет на снимките, стар е системот, имаше човек во зелена јакна, а таков беше и описот на Панче.
Колегите од Скопје не известија дека возилот е најдено опожарено. Тогаш помисливме дека лицето е ликвидирано. Инаку, парче од мобилниот телофон од девојчето Вања беше пронајдено во возилото на Панче, рече сведокот.
Тој го координирал приведувањето на Велибор Манев.
-Откако го уапсивме Велибор Манев, јас бев на неговото распрашување. Велибор ми го посочи местото на настанот.
Велибор кажа дека се виновници. Кажа каде е местото каде што е закопана Вања.
…