Сведоци во „Плацови на Водно“: Груевски никогаш не побарал да земат пари на рака од некоја донација

Сведоците Емил Димитриев, Ирена Мишева, Борче Георгиевски и Лазо Малијански, предложени од одбраната во случајот „Плацови на Водно“ беа сослушани денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје.

Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, рече дека не забележал нерегуларности во економското работење на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога извршувал функција генерален секретар на партијата.

– Во тој период кога ја извршував функцијата генерален секретар немам забележано никакви нерегуларности во однос на работењето на политичката партија. Не можам да кажам дека имало забелешки кои би имале некоја правна последица, посочи тој.

Тој се согласи со прашањето дека Никола Груевски никогаш не побарал од него да земе пари на рака од некоја донација, или дека има слушнато од некое трето лице истото да го побара. Исто како и за прашањето во врска со тоа дали Груевски интервенирал преку него, како генерален секретар, и преку други, за некаква интервенција во Генералниот урбанистички план на Скопје.

Сведокот Борче Георгиевски, поранешен советник на Град Скопје, рече дека расправата на Град Скопје при носење на ГУП-от е процедура која апсолутно се води според деловникот.

– Процедура која апсолутно се води спрема деловникот, преку комисиите, во една нормална демократска дискусија, меѓутоа, колку што можам да се сетам дека немаше апсолутно, дури мислам дека имаше голем број на гласови кои што се донесоа на тој совет во однос на прифаќање на ГУП-от, посочи тој, при што дополни дека немал никаков притисок при изгласување на истиот.

Ирена Мишева, своевремено претседател на Совет на Град Скопје, сподели дека подготовка на ГУП-от е започната некаде 2005-2006 година.

– Тогаш се случи нова територијална поделба на РМ, и согласно тоа, ГУП-от требаше да претрпи одредени измени, постапката е започната во 2005-2006 година, бидејќи се работи за многу обемен документ во кој се вклучени многу институции, трае многу долго и овој ГУП финишираше со неговото донесување во 2012 година и согласно законот се донесе во две фази, прво нацрт фазата, потоа одлуката за ГУП на Град Скопје, појасни таа.

Back to top button
Close