Сведоштва од „Пулс“: Се свртев назад и сè беше темно, почнаа да пукаат светилките. Ако задоцневме 10 секунди, немаше да преживееме
Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 63 лица, донесе нови потресни детали од преживеаните.

Сведокот Мартин Димитров пред судот ја опиша паниката и брзината со која се ширел огнот. Според него, критичните 8 до 12 секунди биле пресудни за неговото спасување и спасувањето на неговата девојка, пишува Прес24.
„Се истуркавме до излезот каде што се заглавивме. Додека бев на првата скала, се свртев назад и сè беше темно, почнаа да пукаат светилките“, посведочи Димитров. Тој додаде дека во објектот имало помеѓу 600 и 700 луѓе, а од заштитна опрема забележал само стрелки за излез, додека противпожарни апарати и хидранти немало






