Сведоштвата за кои не зборувате може да станат инспирација за театарска претстава

Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот…

Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?

„Wonderland Theatre” започнува со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“,   базирана на наши и ваши лични искуства кои сме ги потиснувале во себе и не сме имале храброст да ги споделиме. Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана.  Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика.

​Преку претставата сакаме да им дадеме глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена.

Линкови на кои ќе можат да се споделуваат приказните:

https://www.wonderlandtheatre.org/raboti-za-koi-ne-zboruvame

https://www.wonderlandtheatre.org/gjera-per-te-cilat-nuk-flasim

 

Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар.

 

Back to top button
Close