Свекрва ја нападнала снаата – заврши во притвор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1

На 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна снаа за син, по што е лишена од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица

 

Back to top button
Close