Светниколската фабрика „Мода“ ги чека резултатите од скринингот

Резулатите од тестовите ќе одлучат дали ќе се затвори или дел од работниците ќе продолжат со работа во Светиникоската конфекција „Мода“.

Ангел Димитров, директор на конфекцијата за МИА вели дека најдоцна до утре ќе се знаат резултатите од скринингот за Ковид -19 на работниците. Управниот одбор на Мода АД-Свети Николе  ги чека резултатите од приватното тестирање  на 210 вработени, кое е извршено вчера.

Димитров вели дека во оваа фабрика има 730 вработени, во моментот таму позитивни на вирусот се 13 работнички, 40 се во изолација. Забележа дека менаџментот одлучил сами да го платат скринингот,  бидејќи преку државното тестирање на резултати се чека предолго.

– Потребно е два дена за да се закаже термин преку матичен лекар или поминуваат пет дена додека да се добијат резултатите од тестот. Ние не можеме да чекаме толку време. Ако е потребно ќе направиме уште еден скрининг на наш трошок за да ги преземеме вистинските мерки. Со вакво доцнење се загрозуваат сите што биле во контакт со заболените, рече Димитров.

Од почетокот на пандемијата па досега во оваа најголема светиниколска фабрика се ослободени над 200 работници по основ на владините мерки. Димитров вели дека досега се справувале со пандемијата и проблемите, но смета дека со намалување на нарачките од странските партнери проблемите во текстилниот сектор доправа ќе дојдат.

Back to top button
Close