Светот испил најмалку вино во последните 20 години – Пандемијата ги покоси и винариите

Европол и Интерпол кај хрватски производители на вино и со хрватски етикети открија вино од С.Македонија, Италија и Чиле - МИА

Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за три проценти во споредба со 2019 година, на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија, пишува порталот SEEbiz.

„Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за три проценти помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година“, се наведува во извештајот.

Во исто време, светското производство на вино се зголеми за еден процент во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.

Според експертите, падот на потрошувачката на вино беше под влијание на пандемијата „Ковид-19“, поради што властите на разни земји мораа да затворат барови и ресторани и да го ограничат влезот на туристи.

Потрошувачката најмногу падна во Кина, со 17,4 проценти и во Јужна Африка, со 19,4 проценти.

Back to top button
Close