Светот во 2021 година – Клучни настани

Јануари

Во јануари не е само почетокот на новата година, туку и на цел нов период за Велика Британија по брегзит (1 јануари).

Судија донесе пресуда за случајот за екстрадиција против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кого САД го бараат под обвинение за заговор за извршување компјутерски упад, заговор за добивање и откривање информации за национална одбрана, како и за добивање и откривање на национални информации за одбраната. (4 јануари).

Два клучни датуми во САД: вториот круг за Сенатот во Џорџија (5 јануари) што ќе донесе одлука за контрола на Сенатот за првите две години од претседателствувањето на Џо Бајден и инаугурацијата на Бајден (20 јануари), официјален крај на времето на Доналд Трамп на функцијата.

Февруари

Четворица мажи обвинети за учество во соборувањето на летот на Малезија ерлајнс MH17 во јули 2014 година, одат на судење во Холандија (1 февруари).

Февруари има некои од последните големи годишни настани што можеа да се одвиваат според планираното во 2020 година, иако тие најверојатно ќе се одржат во модифицирани формати оваа година, вклучувајќи ги Super Bowl LV (7 февруари), карневалот во Рио (14 февруари). Лунарната нова година (12 февруари) ќе биде пошироко прославена во Кина во 2021 година, за разлика од периодот на заклучување оваа година.

Три вселенски летала лансирани во јули е предвидено да пристигнат на црвената планета: Кинеското  Тианвен-1 и на Обединетите Арапски Емирати „Хоуп Марс“ имаат за цел почетокот на февруари, додека Марс Ровер на НАСА се очекува кон средината на месец (18 февруари).

март

Папата Франциск треба да ја оствари својата прва меѓународна посета по 15 месеци – ќе биде првиот понтиф што ќе го посети Ирак (5-8 март).

2021 година е десетгодишнина од Арапската пролет, но март одбележува две мрачни пресвртници: поминаа десет години од востанието против претседателот Башар ал-Асад (15 март), чија контрола врз власта останува цврста и покрај една од најбруталните граѓански војни во модерната историја, и од интервенцијата предводена од НАТО во Либија (19 март), која го симна од власт Моамер Гадафи, но остави вакуум во власта, што се уште не е решен.

Април

Премиера на 25-от филм за Џeјмс Бонд, со Даниел Крег по петти пат (2 април) во главната улога.

Британската кралица го слави својот 95. роденден (21 април).

Доделување на наградите Оскар.

Мај

Северна Ирска одбележува стогодишнина (1921 година – 3 мај). Владата на Велика Британија објави програма за прослави од 3 милиони фунти, иако парадата на Портокаловиот ред (Orange order) (29 мај) засега е единствениот закажан настан.

Локални избори што може да имаат големо влијание врз политичката мапа на Велика Британија се одржуваат низ целата земја (6 мај), со прашањето за независност во игра и во шкотскиот парламент и во гласовите на велшкиот Сенед. Избори за градоначалници, исто така, се одржуваат во Лондон, Западен Мидлендс и Западен Јоркшир.

Годишниот собир на Светскиот економски форум се префрла од Давос (во јануари) на нови датуми во Сингапур за оваа година (13-16 мај). Темата за 2021 година е „Големото ресетирање“,(Тhe Great Reset) а СЕФ го промовира состанокот како прв глобален настан за лидерство за обновување po пандемијата низ целиот свет.

Следно за глобалното лидерство е Светското здравствено собрание (18-19 мај), каде што минатата година се состана независен панел за да се разгледа глобалниот одговор на пандемијата, и треба да го претстави својот последен извештај.

Јуни

Велика Британија треба да биде домаќин на овогодинешниот самит Г7. Се очекува физичко присуство. Лидерите од Австралија, Индија и Јужна Кореја ќе присуствуваат како нации гости на покана на премиерот (датум дополнително ќе биде избран).

Еуро 2020 започнува (11 јуни) со задоцнување од една година.

И пет години по историското гласање за брегзит (23 јуни) доаѓа рокот за граѓаните на ЕУ да аплицираат за статус (30 јуни) да продолжат да работат, студираат и да пристапуваат до услугите во Велика Британија.

Јули

Кина слави 100 години од основањето на својата Комунистичка партија (1 јули), со планирани голем број јавни прослави.

Спортски месец – почнува со финалето на НБА (8 јули) и финалето на Вимблдон викендот (10-11 јули), Ф-1, Големата награда на Велика Британија (18 јули) и долгоочекуваните Олимписки игри во Токио (23 јули – 8 август).

Септември

Два важни избори овој месец: Хонг Конг одржува одложени избори за својот Законодавен совет, први откако Пекинг го воведе својот нов ограничувачки закон за национална безбедност на територијата во јули (5 септември), додека Германците гласаат на парламентарните избори за да изберат кој ќе ја наследи Ангела Меркел по 16 години на функција (26 септември).

Поминаа 20 години од 11/09/, кога четири киднапирани американски авиони се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар, Пентагон и едно поле во Пенсилванија, при што загинаа 2.996 луѓе (11 септември).

Годишната  дебата на Генералното собрание на ОН се отвора во Њујорк со говори на светските лидери (21 септември).

Октомври

Светскиот саем, „Експо 2020“, се отвора во Дубаи една година подоцна од планираното (1 октомври).

Истекува шестгодишната забрана за учество на поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер во каква било фудбалска активност (8 октомври). Забраната, воведена заедно со забраната за поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини во 2015 година, претставуваше дел од одговорот на скандалот со корупцијата на ФИФА, во кој неколку познати личности од светот на фудбалот беа вмешани во обвинувања за мито и перење пари.

Американските владини агенции декласифицираат повеќе документи во врска со атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година (26 октомври).

Италија е домаќин на состанокот на лидерите на Г-20 во Рим (30-31 октомври).

НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција го лансираат вселенскиот телескоп James Webb Space Telescope од нова генерација (31 октомври), при што научниците се надеваат дека ќе откријат зрачење од „мрачното доба“ на универзумот приближно 250-400 милиони години по Големата експлозија.

Ноември

Глазгов е домаќин на  конференција за климатски промени на COP26 на ОН (1-12 ноември – COP26 UN Climate Change Conference), што претставува прва можност за глобалните лидери масовно да разговараат за климатските прашања од декември 2019 година.

Формула 1 за првпат ќе се појави на улиците на Џеда, Саудиска Арабија (28 ноември).

Декември

Една година од првите вакцини против Ковид-19, сигурно ќе видиме некои ретроспективи за тоа колку се смени светот – или не – бидејќи земјите се обидоа да постигнат имунитет за своите граѓани од вирусот.

Либија планира да одржи претседателски и парламентарни избори за да се стави крај на политичката нестабилност и хуманитарните кризи што се резултат на тековната граѓанска војна меѓу Владата на националниот договор и силите на либиската национална армија лојални на Калифа Хафтар (24 декември).

Back to top button
Close