Светската банка и дава 50 милијарди долари кредит на Африка

– Светската банка соопшти дека годинава ќе обезбеди кредит од 50 милијарди американски долари за 48 африкански субсахарски земји.

Овие средства двојно повеќе го надминуваат износот даден пред 10 години според слична шема, се вели во соопштението на банката.

Заемите се за проекти од областа на енергетиката, транспортот, земјоделството, трговијата, образованието и здравството.

Back to top button
Close