Светски фонд за природа за COP26: Сите ветувања мора да се исполнат

Во пресрет на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Светскиот  фонд за природа (WWF) ги повика граѓаните да се приклучат на кампањата #WeWontForget и да испратат порака до лидерите дека нивните ветувања за ублажување на климатската криза нема да бидат заборавени.

Конференцијата COP26, што се одржува во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, е важна можност за владите, компаниите и другите да ја покажат својата подготвеност да ги исполнат своите ветувања за климата, со поставени цели и конкретни мерки за ублажување и адаптација. како и нивното усогласување со новите глобални напори, соопшти WWF.

Тие, исто така, објавија дека претставници на влади од целиот свет ќе учествуваат на климатската конференција COP26 за да се дефинираат заедничките политики и мерки како одговор на климатската криза и да се исполнат ветувањата од претходните самити сумирани во Парискиот договор од 2015 година, пренесува Хина. Затоа WWF очекува од присутните COP26 итно да исполнат пет големи ветувања, и тоа: забрзано намалување на емисиите на јаглерод диоксид, имплементација на решенија засновани на природата, итна помош за природата и луѓето да се прилагодат, финансирање на иднината и ефекасно спроведување на политиките и мерки за ублажување на климатските промени.

– Со започнување ефекасни и амбициозни акции и насочување на преговорите на ОН кон една цел – ограничување на глобалното затоплување во просек од 1,5 степени Целзиусови – можеме да ги избегнеме најразорните влијанија на климатските промени врз луѓето и природата. Собирот во Глазгов можеби е последна шанса да се забават климатските промени, да се постигне договор меѓу светските лидери и да се исполнат сите претходни ветувања поврзани со климатските промени, изјави извршната директорка на WWF Адрија, Наташа Калауз.

Оттраму велат дека е нужно итно дејствување на владите во регионот.

– Балканот е силно погоден од глобалното затоплување и е ранлив на климатските промени во последните години. Просечната температура се зголеми за 1,2 степени Целзиусови, а се очекува дополнително затоплување од 1,7 до 4 степени, во зависност од локалните и меѓународните мерки за ублажување на емисиите на стакленички гасови во наредните години“, предупредуваат од организацијата.

WWF, исто така, потсети дека во пресрет на COP26, земјите беа повикани да прифатат подобрени, поамбициозни национално определени придонеси – Национално определени придонеси (NDC), што досега го направиле само 13 од 192-те потписнички на Парискиот договор.

Back to top button
Close