СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

СВР Битола денеска соопшти детали за вчерашниот инцидент во кој внука со нож нападна и ги избоде своите баба и дедо.

На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола. Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78). Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close