СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице во с.Рашче, општина Сарај и Н.И.(48) од с.Долно Свиларе
03.04.2021 08:19
260 Читање помалку од 1м
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице во с.Рашче, општина Сарај и Н.И.(48) од с.Долно Свиларе, скопско, поради посотоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.01.2021 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во минибус, сопственост на правното лице, а управувано од Н.И., при што било констатирано дека пријавените не се придржувале кон здравствените прописи за време на епидемија, односно не ја почитувале одлуката на Владата според која исполнетоста на возилото со патници треба да биде максимум 50% од вкупниот капацитет.