СВР Тетово со детали за пожарот во кој животот го загуби 70 годишна жена

СВР Тетово попладнево соопшти дополнителни информации за пожарот во кој животот го загуби 70 годишна жена. Оттаму велат дека пожарот во СВР Тетово е пријавен во 08:56 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово.

-Пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на Ш.Д.(70) од Тетово. Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д.(70) од Тетово, сопруга на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.

 

Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, во моментот на несреќата жената била сама во домот, додека нејзиниот сопруг бил излезен. Кај нив пожарот бил пријавен во 8 часот и 30 минути.

-Имаме една жртва за жал внатре во куќата. Пожарникарите отишле таму со три камиони и со осум пожарникари интервениравме. Човекот што бил со неа, бил надвор од куќата, немало некој друг што може да го забележи тоа. Комшиите што живеат околу нив, забележале дека има чад и викнале противпожарна единица, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

По интервенцијата на пожарникарите почнат е увид од полицијата и обвинителството за утврдување на деталите околу пожарот.

Back to top button
Close