СВР Тетово: Во 2025 најмногу се казнувало пребрзо возење – од 12.179 санкции, 5.088 се за пречекорување на брзината

Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на изминатата 2025 година при засилени контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Тетово и Гостивар бележи вкупно 12.179 изречени санкции, од кои 7.698 во тетовскиот регион, а 4.481 на гостиварско подрачје.
Статистиката покажува дека најголемиот број од прекршоците 5.088 (Тетово 2.885 и Гостивар 2.203), се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што останува една од главните причини за загрозување на безбедноста.
-Исто така, поради сериозни прекршоци и техничка неисправност, од сообраќај се исклучени 1.879 возила и 3.838 возачи, од кои за управување без возачка дозвола: 2.569 (Тетово 1.846 и Гостивар 723), возачи почетници: 606 (Тетово 420 и Гостивар 186), управување под дејство на алкохол: 328 (Тетово 247 и Гостивар 81), како и исклучени возила од сообраќај поради истечена важност на сообраќајна дозвола: 618 (Тетово 415 и Гостивар 203), техничка неисправност: 411 (Тетово 261 и Гостивар 150), претовар: 55 (Тетово 46 и Гостивар 9), се вели во извештајот на одделот за аналитика при СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот на максимална одговорност и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
-Возете со прилагодена брзина, не управувајте моторно возило без положен возачки испит или под дејство на алкохол и редовно проверувајте ја техничката исправност на вашите возила. Со одговорно однесување директно придонесувате за вашата безбедност и безбедноста на вашите сограѓани. Сообраќајните контроли ќе продолжат со несмален интензитет и во наредниот период, посочува Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Во статистичкиот извештај за 2025 година се евидентираат и привремено се одземени 112 возила, од кои 87 поради истечена регистрација над шест месеци и 25 поради предизвикување на прекумерна бучава, затемнети стакла (фолии) 710 од кои Тетово 555 и Гостивар 155, Поминување на црвено светло: 264 (Тетово 86 и Гостивар: 178), Неправилно престигнување: 220 (Тетово 70 и Гостивар: 150), Недавање првенство на минување: 68 (Тетово 53 и Гостивар 15).






